Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Тадааам: Alfa Milano
14.10.2009
alfa-romeo-milano-1.jpgБеше време. На задоволство на љубителите на автомобили и посебно на љубителите на Alfa, конечно на интернет пространството се појавија првите јасни фотографии од новиот Milano.

Италијанскиот пулен во спорткиот премиум сегмент на компактни автомобили сега можеме да го видиме во полно светло и слободно можеме да заборавиме на  бројните шпијунски фотографии на камуфлирано тестно муле, разни шпекулации, па дури и фотоси направени во некој од погоните на компанијата.

Да, ова е Alfa Milanо, на фотографиите означен со бројката 149, наследник на временскиот 147 и со дизајн кој претставува комбинација на линии и детали превеземни и доработени од супер спортистот 8C Competizione и MiTo.

Извори од Alfa тврдат дека прикажувањето на моделот со бројка место со звучното име е само трик колку дополнително да се подгрева атмосферата пред официјалното помпезно претставување кое со нетрпение се очекува.

Ако судиме според визуелниот настап слободно можеме да кажеме дека Milano е еден од најубавите автомобили. На издолжената шилеста муцка, големите елипсовидни предни светла, испакнувањата од страна, сокриените кваки на задните врати и мускулестиот задник со специфични светла ретко кој ќе може да им одолее.

Сепак, визуелното доживување е единственото што во моментов се знае за Milano. Останатите детали околу техниката се сокриваат и се чека Д денот.

Единстено може да се биде сигурен дека моторната понуда ќе биде богата и ќе претставува вистинска ризница од бензински и дизел агрегати со распон на моќност од 120 КС, па се до 200 КС.

Секако во иднина се очекува и набилдана верзија која во најдобрата традиција на Alfa ќе носи атмосферски бензинец V6 способен да ги исполни желбите и на оние возачи со најголеми барања.

За премиерата се молчи. Се очекува дека ќе се случи некаде пред самиот крај на годината или евентуално на почетокот на 2010. Можеби салонот во Детроит, за да се освојат американците и Alfa да се врати на пазарот во САД.

Како и да е нови информации се очекуваат со нетрпение.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook