Get Adobe Flash player
Такси според сите стандарди за Њујорк
18.04.2007
st_nТакси задачите во САД главно ги вршат огромни лимузини. Сега тоа ќе се промени – барем ако работите одат по ќеифот на производителите на Standard-Taxi

Раководејќи се според специјалните таксија што вртат низ Лондон, фирмата смета дека сега се отвора простор за посебно конструирани такси возила и во метрополите во САД. Основното што треба да го задоволи едно такси возило е издржлива техника и голема, комфорна кабина. Инженерскиот тим го крена на тркала Standard-Taxi на должина од 4,99 метри, ширина од 2,02 метри и висина од 1,90 метри.

Во овој простор има место за четири патници, и за една инвалидска количка покрај возачот. За куферите, во багажникот стојат на располагање 750 литри.

 

Се влегува низ четири високи врати. Од подот на возилото се извлекува рампа за човек во инвалидска количка лесно да може да пристапи до кабината. Гостите внатре седат во конфигурација 3+1 и може да се забавуваат гледајќи ја анимациската програма на рамниот монитор одзади.

Возачот си ја врши работата на седиште што се мести во повеќе правци, одвоен со преграда одзади и отстрана. Сите команди специфични за едно такси се веднаш на дофат. Со коленото може да се активира тивок аларм. Поради кутиестата форма на каросеријата што е изработена од пластика и се потпира на носечка рамка од цевни профили, Standard-Taxi е прегледен. Кога е тесно за паркирање на возачот му асистираат сензори.

За погонот стојат три можности на избор, но основата секогаш им е 4,3-литарскиот V6 од GM. Тој може по избор да работи на бензин, течен гас или земјен гас. Менувачот се разбира дека е автоматски.

Цените се уште не се објавуваат. Со користењето на стандардни делови од големосериското производство е јасно дека одржувањето на возилата ќе биде доста поволно. Под знак на прашање е дали воопшто Standard-Taxi ќе успее да го достигне култниот статус на лондонското такси.

 

 

 

Facebook