|
25.12.2007 |
Се чини дека се гледа крајот на наддавњето за купување на
Jaguar и Land Rover од Ford. Среќниот
купувач најверојатно е индијскиот конгломерат Tata Motors, но сеуште
ништо не е официјално.
Ford сакаше да ги продаде двете марки уште во септември, но
целиот процес константно беше одложуван и сега на американците им се брза. Тие
сакаат да постигнат договор ако не до крајот на годината, што е малку
веројатно, барем на почетокот од следната година.
Понудата на Tata Motors изнесува 2.05
милијарди долари, што е за 105 милиони долари повеќе од понудата на нејзиниот
ривал, исто така индијската компанија, Mahindra &
Mahindra која Jaguar и Land Rover ги проценува на
1.9 милијарди долари.
Во воздух стои понудата на третата компанија One
Equity бидејќи таа очигледно се држи во тајност, но според најавата на Ford,
одговорните во компанијата сакаат да ги продадат двете британски марки на некој
веќе етаблиран производител на автомобили.
А тука најголеми шанси има Tata. Сепак,
останува да видиме. Одлуката можеби ќе падне и пред Нова година.
|