|
09.06.2009 |
Откако ја претстави верзијата на микро автомобилот Nanо за
во Европа, Tata се подготвува да претстави и верзија за
пазарот во
САД,
но најверојатно ќе се појави и на останатите пазари во
Америка.
“Планираме
да го пуштиме Nano на американскиот пазар за итприлика две години, но пред да дадеме зелено
светло автомобилот треба успешно да мине низ редица тестови,”
коментираат од компанијата.
Првенствено Nano треба да ги задоволи строгите еколошки норми кои важат во САД и успешно да
се справи со нивните краш тестови. Доколку Nano се справи со нормативите
на САД кон
крајот на 2011 американците ќе можат да си купуваат микро автомобил по ниска
цена.
Сепак, прашање е дали еден вака дотеран Nano ќе
успеа да ја достигне цената по која се продава на пазарот во Индија, а таа
изнесува помалку од 2.500 долари.
Еден ваков потег на Tata, во автомобилскиот свет се коментира, најблаго речено како смел. Индијците
планираат да испратат спартански опремен, тесен и спор автомобил во земјата
каде што сеуште царуваат огромните пикапи чии багажници можат да соберат и по “три Tata Nano”. Хмм... Дискутабилно?
Но, од Tata се охрабрени од големиот успех што Nano
го постигна на пазарот во Индија и токму тука лежи причината
околу размислувањата за освојување на останатите светски пазари истакнуваат од Tata.
|