Претставувањето на автомобилот што ќе се продава за цена
од околу 2.500 долари предизвика многу контроверзи и многумина не веруваат дека
Tata и нејзиниот Nano ќе успеат во тоа.
Tata им докажа на скептиците дека не се во право и го
потврдува тоа со претставување на специјална едиција на мини автомобилот која е
наменета за продажба во Европа.
Nano Europa како што е наречена верзијата
наменета за Европскиот пазар беше претставен на салонот во Женева и според
одговорните на Tata ги задоволува европските безбедносни стандарди.
Тие не се плашат од EuroNCAP бидејќи Nano
Europa е опремен со воздушни перници, ABS, па дури и
електронска контрола на стабилност ESP. Секако Nano
Europa наскоро ќе се најде во лабораториите на EuroNCAP кој ќе
оцени колку инженерите си ја завршиле работата.
Nano Europa го задвижува бензински три цилиндарец
кој снагата до предните тркала ја испорачува преку пет степен мануелен менувач. Потрошувачката е околу 5 литри, а емисијата на СО2 пониска
од 100 g/km.
Заради дополнително штедење Nano Europa нуди
ефикасно електрично серво управување. Автомобилчето е малку поголемо од
стандрадниот Nano и во должина мери 3.29 метри, широк е 1.59 метри и има
поголемо меѓуоскино растојание развлечено на 2.28 метри.
Стартот на продажбата во Европа и цената на Nano
Europa сеуште не е најавена. Затоа во Tata побрзаа да
истакнат дека во Индија стартот на продажбата на обичниот Nano е закажан
за 23 март.
|