Get Adobe Flash player

bmw-m-135i-1-2012-1
Три врати за новата BMW Серија 1

BMW ја претстави Серија 1 со три врати и ја зголеми гамата за уште два модели 114i и спортскиот М 135i

 
Get Adobe Flash player
Tata го претстави Nano кој чини 2.500 долари
10.01.2008
tata-nano-1.jpgИндискиот конгломерат Tata Motors денес го претстави најевтиниот автомобил на светот – Nano. Микро автомобилот ќе се нуди по најавената цена од 100.000 рупии или 2.500 долари плус давачки.

Целта е да се мобилизираат граѓаните на Индија, а станува збор за пазар од 1.1 милијарди луѓе кои конечно мотоциклите ќе ги заменат со возило на четири тркала. Nano всушност е автомобил со пет места за седење со малечок мотор со зафатниа од 624 сс, моќност од 33 коњски сили и максимална брзина од 100 km/h. Можеби ова се смешни податоци за денешни прилики, но се сосем доволни за спориот индиjски сообраќај.

Нормално автомобил со ваква цена сигурно не одушевува со опременоста. Основниот модел нема серво волан, електрика на прозори, за клима уред воопшто и да не зборуваме. Се штедело и на безбедноста бидејќи, Nano нема воздушни перници, но реално ова не може ниту да се оекува во еден олку евтин автомобил. Секако оваа опрема се наоѓа до т.н. Delux верзии.

Nano e долг околу 3 метри, широк 1,5 метри и висок малку преку 1,5 метри. Димензиите го  оправдуваат и неговото име, воедно е и најмалиот автомобил на индијскиот пазар. Каросеријата е направена од метал, наместо како што се предвидуваше од пластика. Плус како што се најавуваше ги задоволува стандардите за емисија на издувни гасови Euro 4, a со просечна потрошувачка од помалку од 5 литри троши помалку гориво по патник отколку еден мотоцикл. Во иднина треба да се очекува и дизел верзија.

Плановите на Tata се да продава по 200.000 автомобили годишно стартувајќи од втората половина на 2008 само во Индија. Но, за жал експортот не е во план барем до 2011.

tata-nano-2.jpgtata-nano-3.jpgtata-nano-4.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook