|
20.02.2008 |
Индискиот производител специјализиран за производство на
мали автомобили за широки народни маси изненади со својата заинтересираност за
премиум марките Jaguar и Land Rover.
И успеа да превладее во наддавањето и да ки купи од Ford. Но, дури
сега се открива позадината на напорот вложен за да се добие сопственост над
британските марки.
Целта на Tata е да го задржи Land Rover и веднаш да го
препродаде Jaguar. Основачот на Tata Motors, Ратан Тата пред
започнувањето на преговорите изјави за Land Rover дека е
„вистинско возило за Махараџа”, а очигледно истото не важи и за Јaguar.
Индијците сакаат да произведуваат теренски возила од
премиум сегмент, а дека се сериозни во својата намера покажува купувањето на
големо земјиште во близина на Делхи за изградба на фабрика во која ќе се
произведуваат моделите на Land Rover.
Ова значи дека Јaguar ќе биде отфрлен
веднаш по финализирање на договорот. Но, во Јaguar не треба
да се плашат од вакво нешто, бидејќи со новиот извонреден модел XF и планот
за уште неколку спортисти што треба да се појават набрзо неговата иднина не е
загрозена.
|