Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Tata Nano цели кон Европа
11.02.2008
tata-nano-lux-1.jpgМикро автомобилот со цена од 2.500 долари, постигна голем успех правејќи вистинска мешаница не само на пазарот на нови туку и на користени возила, ќе се продава и во Европа.

Информацијата доаѓа директно од Tata и станува збор за верзија која ќе биде прилагодена за европскиот пазар. Всушност автомобилот ќе биде направен врз основата на втората генерација на Nano која ќе се појави во 2012.

Причина за ова е неподобноста на сегашната верзија кон приликите на европскиот пазар и кон европските стандарди за безбедност и емисија на издувни гасови. Планот е втората генерација на Nano да биде компатибилна на стогите норми кои важат и во Европа и во САД.

Но, прилагодувањето кон повисоки стандарди значи дека Nano нема да може да ја сочува сегашната цена од 2.500 долари. Ова значи дека ќе биде поскап, a колку во Tata сеуште незнаат.

Покрај прилагодувањето на новите стандарди во инженерите во Тata работата и на подобрување на економичноста. Малиот едноставен мотор остварува просечна потрошувачка од 5,0 литри на 100 изминати километри, што денес е остварлива цел и на многу поглеми европски автомобили. Тука има уште многу работа, доколку во 2012, Tata сака да го претстави Nano не само како евтин туку и како економичен автомобил.

Колку Tata ќе успее во своите намери останува да видиме. Единствено не му посакуваме да ја има споредната улога на Европа, посебно на новорастечките пазари во Источна Европа, каде спаѓаме и ние.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook