Индиската Tata во обид да го подготви најевтиниот автомобил на светот, Nano за
настап на европскиот пазар ги побара услугите од една од водечките консултантски
институции британската MIRA.
MIRA е независна инситуција која се бави со теситрање, инженеринг, развој и
сертифицирање на нови продукти од светот на автомобилизмот, аеро индустријата,
воената индустрија и железничкиот сообраќај.
Своите услуги MIRA ги нуди на компаниите кои се занимаваат со наведените
проблематики низ цел свет. Оттука таа беше избрана од раководството на Tata да ги
изврши првите краш тестови на Nano во Европа
и според резултатите да понуди технички решенија со кои
би се постигнале барем 4 ѕвезди на Euro
NCAP.
Соодветно на барањата микро автомобилот Nano
помина низ краш тест од челен и страничен судар, а добиените резултати понатаму
ќе служат за подобрување на структурата на каросеријата.
Иако конкретните резултати Tata и MIRA не ги
објавуваат. Се наведува само дека Nano минал добро на краш тестот во кој челниот судар се испитувал при брзина
од 56 km/h, наспроти 64 km/h колку што изнесува брзината при испитување на челен судар на Euro NCAP.
Челниот судар пак според кого е конструиран патничкиот
кафез на Nano којшто на крај треба да ги заштити патниците е правен при 48 km/h колку
што предвидуваат правилата за ваков тип на судар во Индија.
Сепак без оглед на позитивниот резултат Nano
сеуште не е подготвен да се соочи со тестот на Euro NCAP.
Потребни се одредени модификации на структурата на патничкиот кафез во предниот
дел, страничниот столб и кај вратите. Но и додавање на воздушни завеси.
Потребните измени ќе го направат Nano
наменет за европскиот пазар да биде поголем и потежок од оригиналот кој се
продава во Индија. Се очекува истите решенија да се применат и на Nano што ќе се продава во САД.
Европскиот Nano ќе биде подолг, ќе има поширока трага, ќе биде потежок, ќе
има шест воздушни перници, предни и задни свелта со LED
технологија, LED трепкачи на ретровизорите, повеќе опрема, подобри перформанси, сериски
ABS, а не се исклучува и можноста за сериско вградување на ESP.
Сето ова ќе ја подигне цената на најевтиниот автомобил на
светот. Па така Nano во Европа ќе чини околу 5.000 евра.
|