Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Tatra им се враќа на автомобилите
04.04.2008
tatra-t-700-1.jpgРаководството на чешкиот производител Tatra одлучи од следната година да се стартува со производство на автомобили чие главно обележје ќе биде ретро стилот.

Според генералниот директор на компанијата Роналд Адмас првите примероци ќе се појават на пазарот кон крајот на 2009 или почетокот на 2010.

„Одлучивме да започнеме со производство на автомобили заради големиот интерес,” вели Адамс. „Само од САД има по околу стотина барања годишно, што е пристојна бројка бидејќи не станува збор за масовно сериско производство,” дополнува тој.

„Ние неможеме да им конкурираме на големите производители кои произведуваат по стотици илјади, па и милиони автомобили годишно. Планот е да модернизираме два или три стари модели на Tatra, а за таа цел ќе позајмиме платформа на некој од големите производители,” завршува Адамс обзнануваји ги плановите на Tatra.

Иако поставени на современа платформа автомобилите на Tatra ќе го задржат својот ретро дизајн како на каросеријата така и во ентериерот, но ќе има значително подобрување во квалитетот на материјалите и изработката.

Во моментов се одлучува дали изборот на платфромата ќе падне на Ford, Skoda или Subaru велат во Tatra.

Чесите во моментов произведуваат само камиони како за цивилна употреба така и за армиите ширум светот бидејќи нарачките фрчат од сите страни. Производството на автомобили беше прекратено пред 10 години поточно во 1998, а последен моде што го произведуваше Tatra беше Т700.

tatra-t-700-2.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook