|
Од Bentley откриваат дека првиот SUV во историјата на компанијата ќе го види светлото на денот на салонот на автомобили во Женева и ќе отвори ново поглавје во начинот на работа на марката.

Првпат теренецот на Bentley го најави шефот на марката Волфганг Дурхајмер минатата година, а сега открива дека тој е наполно готов и е спремен за својата светска премиера.
Очекувано тој е поставен на платформата PL71 на која се поставени и Audi Q7, Porsche Cayenne и Volkswagen Touareg. Под хауба на теренецот на Bentley како што беше најавено ќе биде поставен турбо бензинецот W12.
Меѓутоа се зборува и за хибридна варијанта кој ќе го носи паралелниот хибриден погонот претставен со втората генерација на Touareg. Меѓутоа електромоторо место со V6 ќе биде спарен со V8 бензинец.
Електромоторот енергијата ќе ја добива од литиум-јонски батерии кои ќе можат да се полнат со приклучување на обична електрична мрежа.
Bentley со својот теренец отвора ново поглавје, или нова класа на луксузни теренеци во која барем за сега нема да има конкуренција. Како главен конкурент во иднина ќе биде најавениот теренец на Lamborghini.
Цената се очекува да стартува од околу 150.000 евра.
|