|
Новиот модел на Tesla Motors, наречен Model S, се подготвува да направи силен притисок како во сегментот каде владеа електромобилите, така и во сегментот на спортските класични седани.

Електромобилот Model S којшто целосно е изработен од алуминиум ќе се нуди во четири различни изведби. Првите три изведби се обични, а купувачите можат да бираат дали сакаат автономија од 250, 370, или 480 километри.
Тоа зависи од изборот на акумулатори, односно од нивниот капацитет и секако од цената што се подготвени да ја издвојат. Кога цената не би била предмет на размислување тогаш Tesla Motors ја нудат спортската изведба на Model S.
Постоењето на овој модел го потврдува лично шефот на Tesla Motors, Елон Маск, којшто воедно наведува и детали за спортскиот електричен седан. Со полни батерии електроседанот ќе може да спринтува до 96 km/h за само 4,5 секунди.
Додека останатите верзии овој атлетски спринт ќе го изведуваат за 5,6 секунди. Понатаму спортистот ќе има адаптибилно воздушно потпирање, аеродинамички додатоци на каросеријата и специјални аеродинамички леснометални бандажи.
Автономијата на спортистот ќе изнесува 500 километри заради дополнителната акумулаторска батерија, но и заради подобрата аеродинамика. Сепак, Маск не ја наведува максималната брзина.
Затоа се знаат цените основниот Model S со автономија од 250 km ќе чини од 50.000 долари, моделот од 370 km ќе чини од 60.000 долари, а моделот од 480 km ќе чини од 70.000 долари, додека жешкиот Model S ќе чини од 80.000 долари.
Од Tesla истакнуваат дека Model S во Европа пристигнува в година кога ќе бидат објавени цените за пазарите на Стариот континент.
|