Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Tesla Motors најавува кросовер
06.10.2011

Tesla Motors полека ја шири својата понуда и покрај спортскиот родстер и седанот Model S од в година на пазарот ќе понуди и електричен кросовер којшто треба да го понесе името Model X.

tesla-model-s-2-2011-1

Oд Tesla истакнуваат дека кросоверот ќе ја доживее својата светска премиера на салонот во Детроит во јануари следната година кога ќе бидат обелеоденети и комплетните технички детали за него како и цената.

Всушност кросоверот Model X ќе биде модел што настанал со вкрстување на моноволумен и на SUV, а ќе биде поставен на истата платформа на која сега стои седанот Model S, прикажан на фотографијата.

„Model S претставува еден вид на капа која што е поставена врз платформа која што е толку модуларна и приспособлива што на неа можат да се постават низа различни модели со слични карактеристики,” истакнува шефот на Tesla Motors, Елон Маск.

Tesla Model X ќе се одликува со многу простор во кабината кој ќе биде водечки во сегментот. Ќе има седум места за седење распоредени во три реда, од кои третиот ред ќе се склопува во подот на багажникот.

Одговорните во Tesla Motors за сега се скржави за информации во поглед на техниката, но се очекуваат детали како се ближи крајот на годината.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook