Месеци одлoжувања, проблеми со трансмисијата, смена во управувачкото тело на компанијата го ставија
под знак прашалник егзиситрањето на електричниот родстер.
Сепак, дојде времето кога Tesla Motors гордо
најавува дека им е ставен крај на проблемите и дека нивниот електричен спортист
наскоро ќе пристигне до првите купувачи, а максимална ефикасност на
производствената лента се очекува на почетокот од 2009 кога од неа е се
симнуваат по 100 автомобили месечно.
Најголемиот проблем кај Tesla Roadster беше
неговата трансмисија, поточно менувачката кутија која требаше да има два
степени на пренос. Ова беше неопходно за да се оптимизира забрзувањето на
автомобилот и да се оствари наведениот спринт од 4 секунди до 100 km/h.
Но, ова нема да се случи, барем не кај првата серија на
автомобили. Инженерите одлучија да одат со издржливата менувачка кутија со еден
степен на пренос која сепак, нема да го оствари наведеното забрзување од 4 секунди
до темпо 100, но сеуште ќе нуди „пристојно” забрзување од 5,7 секунди.
Секако по пронаоѓањето на соодветно техничко решение за
менувачот со два степени на пренос сите сопственици на првата генерација на Tesla
Roadster, кој ја носи фабричката ознака Р1, ќе можат доколку сакаат да го надградат
постоечкиот менувач со нов.
Во Tesla Motors не прецизираат кога
менувачот со два степени на пренос ќе стартува со производство.
|