Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Тизер и протечена информација за Toyota Camry
11.08.2011

Јапонските медиуми објавија скенирани фотографии од каталогот на новата генерација на Toyota Camry наменета за пазарот во Јапонија која ќе се разликува од изведбите наменети за остатокот од светот.

toyota-camry-tizer-1-2011-1

Заклучокот доаѓа кога ќе се пореди автомобилот од каталогот со официјалниот тизер кого Toyota го објави најавувајќи го Camry. Разликата може да се забележи кај задните светла кои имаат потполно ралзичен дизајн и оптика.

Следствено се очекува дека различен ќе биде и дизајнот на предниот дел кој исто така се разликува од дизајнот на Camry којшто ќе биде наменет за пазарите во Северна Америка од каде пристигна и првата фотографија од него.

Јапонците посочуваат дека новата Toyota Camry ќе биде автомбил со одлична аеродинамика и ќе има коефициент на отпoр на воздух Cd 0,28. Под хауба на јапонската верзија ќе работат два мотори.

И двата се бензинеци. Првиот има зафатнина од 2.4 литри и носи кодна ознака 2AZ-FXE, а вториот има зафатнина од 2.5 литри и носи кодна ознаката 2AR-FXE. З сега не се знае моќноста ниту на еден од нив.

Во каталогот е јасно се гледа дека Camry ќе има хибридна верзија која ќе го носи името Camry Hybrid и за неа јапонците велат дека ќе има просечна потрошувачка од само 3,7 l/100 km.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook