Get Adobe Flash player
Тизер на Lamborghini за Jota
04.06.2010

Извесно е. Наследникот на Murcielago пристигнува за само неколку месеци, а во Lamborghini го најавуваат преку тизер којшто треба да почне да ја разгорува фантазијата на октанските вљубеници.

lamborghini-jota-teaser-2010-1

Прецизни информации за тоа што ќе се случува околу промоцијата на новиот голем моќник на Lamborghini сеуште нема. Не се знае ниту името на суперспортистот.

Претпоставките се дека автомобилот ќе го понесе името Jota и дека светската премиера ќе ја доживее на салонот во Париз. Во средина на шасијата на Jota ќе работи модернизиран атмосферски бензинец со V12 конфигурација.

Моторот ќе го користи постоечкиот блок кој ќе има подобрено ладење, ќе има редизајнирани глави, а конструкциски измени претрпеле и останатите компоненти. Она што сигурно се знае за моторот е дека ќе има директно вбризгување на гориво.

Моќноста би била подигната на околу 700 КС кои ќе му помогнат на Lamborghini Jota понуди вртоглаво забрзување до 100 km/h во вредност до 3,0 секунди и максимална брзина од 370 km/h.

Познавачи на приликите во Lamborghini наведуват дека конструкцијата на шасијата на Jota ќе биде монокок слична на новиот McLaren MP4-12 и за нејзина изработка ќе се користат лесни материјали.

Заради тоа тежината на Lamborghini Jota би требала да биде значително пониска од онаа на Murcielago, a цената повисока.

 

 

 

Facebook