Првиот видео материјал за BMW Серија 1 M Coupe во форма на тизер доаѓа директно од М одделот на BMW, а за новата најмоќна верзија на Серија 1 говори директорот на М GmbH, Д-р. Кај Зеглер.
Наведеното име BMW Серија 1 M Coupe е официјално име под кое Баварскиот производител ќе ја нуди најбрзата единица на купувачите. Значи легендарниот супер автомобил на BMW, M1 си го задржува историското наследство.
Иако BMW и Кај Зеглер отворено говорат за автомобилот кој на видеото бришка по патеката сеуште ништо не се открива за моторт, моќноста и динамичките карактеристики на најжешката единица на денешницата.
Меѓутоа Зеглер на сите што ќе го изгледаат видеото не им остава сомнение дека Серија 1 М Coupe ќе биде исклучително моќен автомобил којшто ќе понуди енормна голема мера на задоволство зад волан.
Од фотографиите што ги извлековме од видеото станува јасно дека Серија 1 М Coupe на својата каросерија ги носи сите украси што се каратеристични за М моделите на BMW како што се извлечени крила со напумпани арки над тркала, типично проширени прагови и уникатни браници.
Предниот со огромен отвор за довод на звеж воздух и светла за магла сместени во долните агли кои на снимката се покриени со збунувачка камуфлажа, а задниот со два отвори во кои се сместени двапати по две издувни цевки и максираниот дифузор.
Според зборовите на Зеглер љубителите на BMW желни да седнат зад воланот на BMW Серија 1 М Coupe ќе можат да си ја остварат желбата некаде во првата половина на 2011 кога и официјално ќе стартува продажбата.