|
Постојано се прошируваат активностите за зачувување на животната средина на Automotive Group, застапникот за Renault, Dacia и Nissan во Македонија, а во таа насока оди и соработката со Тони Зен.

Нашиот највлијателен реп артист познат по својата уникатната музика е првиот од низата познати личности кои ќе бидат дел од Зелената програма на Automotive Group со неговиот еколошки автомобил Renault Megane CC.
Тони Зен и Automotive Group во новиот Центар на Renault потпишаа едногодишен договор за соработка најавувајќи го стартот на оваа единствена програма чија цел е да постави повисоки стандарди за опшетствена одговорност кај компаниите.
Зелената програма на Automotive Group доаѓа природно после големиот ефект постигнат со акцијата „Dacia за Природата” преку која беа рециклирани преку 330 стари автомобили со што стана единствена компанија во Македонија која од улиците одстрани голем број небезбедни и еколошко штетни возила.
Резултатите од оваа кампања беа забележани и во Renault кој даде целосна поддршка на Automotive Group за проширување на активностите со нова Еко акција „Renault VERT”, која ќе ја зголеми можноста Македонските граѓани да дојдат до нов автомобил и сами да допринесат за поеколошка средина.
Automotive Group ги продолжува своите активности и преку македонските познати личности и ќе се обиде да направи спој помеѓу естрадата, спортот и екологијата за да се подигне еколошката свест во општеството.
Познатите личности како Ламбе Алабаковски, кои се пример на многу млади граѓани, ќе учествуваат во еколошко – некомерцијални активности и ќе дадат пример за тоа што се може да направиме „Ние за природата, природата за нас”.
Константниот раст на имиџот на Automotive Group услови компанијата од 4-ти јули 2011 година да почне со работа во нов Продажно-сервисен Центар на ул. Скупи бб, каде се застапени марките Renault и Dacia.
|