|
14.05.2007 |
Екипата на Тop Gear учествуваше во неколку спектакуларни крашови минативе години. Ричард Хамонс речиси ќе го изгубеше животот во млазниот автомобил. На листата сега има нов автомобил, Koenigsegg CCXR.
Пред две години Ferrari Enzo беше смачкан од автобус при фотографирањето на возилото. Стиг излета од патеката и го провозе Koenigsegg CCX по „терен” минатата година. Благодарение на неискусното возење на еден од инженерите во Koenigsegg, сега списокот се дополнува со исклучително реткиот Koenigsegg CCXR.
За освежување на меморијата, CCXR работи со биогориво, поточно со Е85. CCXR е еден од ретките автомобили во светот што постигнува преку 1000 коњски сили. Има 1018 КС и сета таа сила му предизвика големи проблеми на инженерот на Koenigsegg кога влезе во еден непрегледен десен свијок и со близу 200 километри на час удри во столб. Питер Грунерт, член на тимот на Top Gear, кој беше во возилото, ја опишува глетката по ударот: „Зад нас ја имавме најдолгата трага од сопирање што сум ја видел во животот, пируета долга 265 метри.”
Барем во овој случај вработен во Top Gear не беше зад воланот и нема да одговара дека ја намалил светската популација на егзотични автомобили за уште еден примерок. А овој CCXR беше единствениот од овој тип што постоеше на светов.
|