Get Adobe Flash player
Touareg R50 co познатиот дизел V10
09.10.2007
touareg-r50-1Volkswagen по кратките и сиромашни најави ги откри целосните детали за својот нов спортски SUV, Touareg R50 само неколку дена пред официјалното претставување на салонот во Сиднеј.

Сега се знае дека моќниот 5.0 литарски V10 дизел ќе испорачува 350 коњски сили и максимален вртежен момент од мрсни 850 Nm. Покрај моќноста унапредена е и удобноста.

Интериерот профитира од целосната понуда на сопствениот програм на VW за персонализација навозилото познат под името VW Individual.

Моќниот дизел најголемата моќност ја остварува при 3.500 вртежи, додека максималниот вртежен момент е расположив на 2.000 вртежи.

Инженерите го зголемија притисокот на полнење кај двата турбополначи и ја ремапираа ECU за да ја зголемат моќноста. Резултатот е спринт до 100 km/h за 6,7 секунди и максимална брзина од 235 km/h.

Бидејќи станува збор за дизел потрошувачката останува во рамки на разумно со оглед на големината и на теренецот и на моторот. VW уверува дека на автопат ќе трошите 9,6 литри, а во град 12,6 литри. Хм...

За полесно препознавање на R50 од обичниот Touareg, дизајнерите му додале тркала од 21 инчи обуени во гуми со ширина 295, сопирачки клешти обоени сино, набабрени отвори за тркалата, странични завеси, спортски преден браник и маска со финиш на матиран хром.

Интериерот е целосно преслечен во Nappa кожа со извезени ознаки R50 на седиштата, плус исто такво лого изгравирано во алуминиумските плочи на праговите.

Touareg R50 пристигнува во пордажните салони во Ноември.

touareg-r50-2touareg-r50-3

 

 

 

Facebook