Get Adobe Flash player
Toyobaru се претвора во реалност
07.10.2009
toyota-ft-86-concept-1.jpgЗаедничкиот проект на Toyota и на Subaru од кого требаше да произлезе спортско купе најавено уште од летото 2007 конечно го даде својот плод во форма на концептот Toyota FT-86.

Официјалните фотографии и скромните податоци на Toyobaru, или пак, Subayota се појавуваат непосредно пред стартот на салонот во Токио каде што концептот FT-86 ќе ја доживее светската премиера најавувајќи го серискиот модел.

Јасно е дека сега фановите на непрежалените спортисти на Toyota како Supra, MR2 и Celica, чие производство заврши, можат да здивнат во очекување на новиот спортист на јапонската марка. Или поточно на јапонските марки.

Како што беше најавено купето кое настана како заедники проект и е плод на инженерите на Toyota и на Subaru ќе нуди 2+2 места за седење погон на четири тркала и ќе носи дизајнерски препознатливи детали за секоја марка посебно.

Пода хаубата на FT-86 работи 2.0 литарскиот боксер на Subaru чија снага не се открива. Но ако се знае дека истиот мотор во Impreza остарува 150 КС треба да се очекува дека снагата нема многу да варира ниту кај купето.

За разлика од своите турбо верзии, боксерот во FT-86 се атмосферски и ги задвижува задните тркала преку шест степен мануелен менувач. Причината зошто е избрана токму оваа комбинација ја објаснуваат во Toyota.

Намерно е избран атмосферски боксер од 2.0 литри бидејќи на тој начин се задржуваат ниските трошоци за производство и подоцна за одржување.

Воедно автомобилот сеуште профитира од ниското тежиште кое го обезбедува хоризонтално распоредениот мотор, додека погонот на задна оска и одличната избалансираност на тежината напред/назад му овозможуваат на FT-86 одлична управливост и динамички карактеристики.

Секако се очекува по појавувањето на пазарот Toyobaru, односно Subayota да профитира и од турбо верзијата на опеаниот 2.0 литарец на Subaru која оди до 250 КС. Но, се очекува и модификувана верзија на атмосферскиот мотор која ќе остварува околу 200 КС.

Станува збор за компактен автомобил со опасен лик кој во целост го оправдува називот спортско купе кое во должина мери 4.160 mm, широко е 1.760 mm и високо е 1.260 mm со меѓусокино растојание од 2.570 mm.

Како што велат одговорните во Toyota сериската верзија која нема да се разликува многу од концептот FT-86 ќе се појави на пазарот во 2011 со очекувана цена од околу 20.000 евра.

 

 

 

 

Facebook