Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Toyota Avensis трета генерација
11.11.2008
toyota-avensis-kombi-1.jpgТретата генерација на седанот на Toyota од средната класа Avensis наскоро треба да се сретне со купувачите, но сепак , на првите испораки ќе мора да се чека до јануари 2009.

Како што кажавме претходно Avensis продолжува да се произведува во фабриката на Toyota во Брнастон, Велика Британија и тоа со значително поголем квалитет во однос на својот претходник, односно сеуште актуелниот модел.

Инженерите и конструкторите во Toyota се зафатиле со едно обемно истражување чешлајќи ги дури и најмалите компоненти кои во некој период од експлоатацијата на автомобилот покажале било каков дефект или биле склони кон дефект.

Затоа сменети се сите добавувачи кои до сега не одговориле соодветно на барањата за квалитет. Одено е до таму што сменети се дури и добавувачи на навртки, заврти, подлошки, за посложени механички, електрични и електронски компоненти и да не зборуваме.

Фокусот на третата генерација на Avensis е ставен на динамичност. Автомобилот ќе биде многу повеќе возачки ориентиран. Комплетно е ревидирано подвозјето, управувањето кое сега е подиректно, а сериски е вграден систем за електронска стабилност на возилото ESP во сите верзии.

Сопирачките се значително помоќни. Avensis би требало да сопира од 100 до 0 km/h за околу 35 m. Оваа вредност на првите тестирања била значително помала. Имено иженерите утврдиле дека Avensis користејќи ја максималната сила на сопирање од 100 до 0 km/h сопира за помалку од 33 m. Рамно на Porsche Carrera .

Сепак, сметале дека Avensis не е спортски автомобил туку пред се лимузина наменета за превоз на патници и затоа силата на сопирање е смалена и е дојдено до вредноста од околу 35 m.

Под хаубата на Avensis ќе работат три бензински мотори и три дизели. Бензинците доаѓаат со технологија Valvematic која управува со всисните и издувните вентили оптимизирајќи го полнењето и празнењето на цилиндрите со што се намалува потрошувачката и се редуцира емисијата на СО2 за 10 до 26% во зависност од моторот.

Дизелите и припаѓаат на генерацијата D-4D, но направени се дополнителни подобрување пред се во сверата на согорувањето со рекалибрирање на управувачката електроника. На тој начин е постигнато смалување на емисијата на СО2 за 10%.

Од зафатнина од 1.6, 1.8 и 2.0 литри бензинските мотори испорачуваат моќност од 132, 147, доносно 152 коњски сили. Разликата во моќноста не е голема меѓу 1.8 и 2.0 бидејќи напорите на инженерите биле кон зголемување на вртежниот момент, место на моќност.

Затоа 2.0 испорачува максимални 196 Nm вртежен момент, значително поголем од оној на 1.8 литарецот кој може да понуди вртежен момент од само 132 Nm.

Генерацијата D-4D им става на располагање на купувачите моќност од 125 коњски сили кои доаѓаат од зафатнина од 2.0 литри и 150, односно 177 коњски сили дело на помоќниот 2.2 литарски дизел.

Toyota за сега ги објавува само перформансите на најмоќниот дизел, јасно давајќи на знаење од кој мотор очекуваат најмногу. Avensis со 2.2 литарскиот D-4D со 175 коњски сили до 100 km/h спринтува за 8,5 секунди.

Секако љубителите на повеќе коњи под хауба за овој мотор ќе можат да доплатат за вградување на чип од Toyota Motosport. За жал заради лошиот квалитет на горивото, кај нас овој мотор воопшто нема да се нуди. Исто како и до сега.

Моќноста преку шест степен мануелен менувач кој доаѓа сериски кај сите модели се пренесува до предните тркала. Покрај серискиот Тoyota за Avensis нуди два нови менувачи кои доаѓаат со доплата.

За бензинците е развиен нов Multidrive S менувач кој во суштина е CVT, односно континуиран варијабилен менувач, но има опција за мануелено менување на степените каде функционира како мануелен менувач со седум степени.

Како опција и кај дизелите е обезбеден потполно нов менувач. Се работи за автоматски менувач со шест степени на пренос исто така со можност за мануелено менување на степените.

Заедно со седан верзијата стартува и продажбата на караванот. Покрај тоа што нуди повеќе багажен простор комбито носи подвижна преграда со која може да се подели багажниот простор во зависност од потребите за да се заштити багажот од преметнување при возење.

Првите примероци како изложни експонати кај нас ќе пристигнат кон крајот на годината кога ќе можат да се направат и првите нарачки, додека испораката ќе биде како што е најавено во јануари 2009.

Цените за нашиот пазар ќе бидат објавени штом автомобилот ќе пристигне во Македонија.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook