|
Во последната глобална анкета спроведена од TÜV Rheinland во Германија, Toyota го зеде првото место како најпрепознатлива марка помеѓу испитаниците кој најмногу асоцира на електомобилност.

Извештајот исто така покажува дека не само што Toyota е најпрепознатлива марка за електромобилност, таа е марка број еден избор за потенцијалните клиенти во Европа при донесувањето на одлука за купување на возило.
Дури 33% од сите испитаници во Европа се изјасниле дека би одбрале возило од Toyota кое поседува целосна хибридна технологија доколку планираат да купат таков тип на возило, со што Toyota се најде на првото место во автомобилската индустрија.
За својата глобална студија за електрични возила објавена на 14 септември 2011 година, TÜV Rheinland интервјуираше потрошувачи од дванаесет големи автомобилски пазари, вклучувајќи ги: Кина, Данска, Германија, Франција, Индија, Израел, Италија, Јапонија, Португалија, Шпанија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави на Америка. Испитаниците се сопственици на возила, или пак, луѓе кои имаат пристап на возила за лични патувања, на возраст од 18 или повеќе години.
Toyota за прв пат го лансираше пионерскиот модел Toyota Prius во 1997 година, oттогаш се продадени повеќе од 3,3 милиони хибрдини возила Toyota и Lexus низ цел свет, од кои 370.000 во Европа. Во 2012, семејството Prius ќе се збогати со уште два нови члена: Prius + и Prius plug-in Hybrid.
Prius + во својата класа како модел со 7 седишта нуди најдобри перформанси за заштита на животната средина, додека Prius plug-in Hybrid ќе понуди најниска потрошувачка на горивото од 2,1 l/100 km. Prius Plug-In Hybrid може да патува до 23 километри со елеkтричен режим. Следната година, купувачите во Европа ќе имаат избор од хибридни модели на Lexus или на Toyota.
|