Get Adobe Flash player

Toyota FT-86 G Sports
18.01.2010

Toyota го искористи тјунинг шоуто во Токио одржано викендов за да ги претстави плановите за неколку фабрички тјунирани модели чиви пакети подоцна ќе се нудат и како посебни додатоци.

toyota-ft-86-g-sports-2010-1

Програмата на фабричкиот тјунинг на Toyota ќе го носи името G Sports и првите модели кои ќе бидат опремени со новите китови ќе се појават на пазарот кон средина на годината.

Интересно е што китовите за тјунирање на моделите на Toyota ќе бидат поопсежни и нема да се однесуваат само на разубавување туку во понудата ќе стои и зголемување на моќноста и модификување на подвозјето.

Тјунерските китови се развиваат во соработака со компанијата Gazoo која е задолжена да ги подготвува спортските модели на Toyota. Првиот фабрички тјуниран автомобил во понудата на Toyota ќе биде новото купе FT-86.

Според прикажаното на фотографиите се работи за значително модификувана верзија во однос на серискиот FT-86. А најголемата модификација се сокрива под хаубата и е во облик на турбо полнач додаден на атмосферскиот 2.0 литарец на Subaru кој работи во сериската верзија.

Ниту од Toyota, ниту од Gazoo не откриваат колку е подигната моќноста на 2.0 литарецот кој стандардно произведува 150 КС. Ниту пак откриваат за измените што се направени кај суспензијата и перформансите на FT-86 G Sports.

Однадвор модификациите се опсежни. Се забележуваат проширувањата на предните и задните крила со отвори за одвод на врел воздух од моторот и сопирачките напред и довод на ладен воздух назад за разладување на сопирачките.

Комплетно се сменети и браниците. Предниотдобива поголеми отвори за воздух и долу завршува со широк спојлер кој треба да обезбеди негативен потисок на предна оска.

Задниот браник нуди модификуван дифузор со централно поставни издувни цевки и отвори за одвод на врелиот воздух од сопирачките. Одзади се забележува и огромното крило изработено од карбон-фибер, а од истиот лесен и цврст материјал е изработена и хаубата со дополнителни шкрги и вкомпонирани светлечки диоди.

Toyota FT-86 G Sports стои на леснометални бандажи со дијаметар од 19 инчи обуени во гумите на Bridgestone, Potenza RE050 со димензии 245/40 напред и 275/35 назад.

Внатре измените се помали и се однесуваат само на поставување на детали од карбон-фибер и две тркачки кади од Recaro.

 
Get Adobe Flash player