|
Toyota во Женева го донесе концептот кој веќе ја доживеа светската премиера минатата година на салонот во Токио со потврда на најавата дека сериската верзија пристигнува дури в година.

Кога се во прашање техничките детали нема големи новини. 2.0 литарски боксер мотор, погон назад, самоблокирачки диференцијал, шест степен менувач, леснометлани бандажи од 19 инчи со гуми 225/40, мултилинк задна оска и McРherson опружна нога напред.
Купето FT-86 (Future Toyota – 86) e создадено во дизајнерското студио на Toyota ED2 во Ница и се потпира на традицијата на спортските купеа на Toyota како Corolla AE86, Celica и непрежелената Supra.
Она што прво паѓа в очи кај FT-86 се неговите компактни димензии и ниската накосена хауба. Причина за олку ниската хауба е боксер моторот кој заради хризонтално распоредените цилиндри дозволува таа да е пониска за 100 mm отколку ако на истото место би бил поставен реден мотор.
Воедно боксерот овозможува да биде поставен длабоко во просторот за мотор со што го снижува и тежиштето на автомобилот подобрувајќи ја неговата стабилност и динамички карактеристики.
Главниот дизајнер на проектот Јаромир Чех истакнува дека сериската верзија на FT-86 нема да има олку ниско поставена хауба. Таа би требало да биде повисока за околу 50 mm во однос на концептот заради заштита на пешаци при судар.
Измени би требало да претрпи и таблата со инструменти иако Чех истакнува дека околу ова сеуште се води полемика и дека можно е футуристичкиот дизaјн да биде задржан бидејќи и се допаѓа на публиката.
Со FT-86 Toyota сака да го завземе првото место на пазарот на спортски купеа со достапна цена и колку побрзо се појави толку подобро. Се очекува цената во Европа да стартува од 22.700 евра.
Секако со датум закажан за пред крај на 2011 и најверојатно светска премиера на серискиот модел на салонот во Франкфурт, Toyota како да доцни со претставувањето бидејќи за до тогаш и Subaru го најави братот близнак.
|