Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Toyota ги обновува моторите
24.11.2010

Јапонскиот производител на автомобили Toyota сака да ја обнови комплетната гама на мотори во следните четири до пет години од кои повеќето ќе имаат турбо натполнење и директно вбризгување.

toyota-urban-cruiser-be-2010-1

„Основната насока во развој на новата генерација на мотори на Toyota ќе биде намалувањето на работниот волумен, вградувањето на турбо полнач и систем за директно вбризгување на горивото,” изјавува извршниот директор на Toyota, Такеши Учијамада.

Според Учијамада, првите модели на Toyota што ќе ја понесат новата генерација на турбо мотори се популарните Corolla и Camry кои сега носат атмосферски бензинци.

Покрај вградувањето на нови мотори Toyota планира да го прошири вградувањето на системот Start&Stop низ целата гама на модели и да го продолжи развојот на технологијата со вријабилно управување на вентилите.

Учијамада истакнува дека до 2012 година Тoyota ќе претстави 11 нови или модернизирани хибриди со што ќе ги оствари намерите да достигне продажба од 1 милион хибридни автомобили до крајот на 2015 година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook