|
Без оглед што новата генерација на Land Cruiser на пазарот е помалку од една година Toyota одлучи да го модернизира својот тврдокорен теренец и да ја претстави моделската година 2011.

Ова освежување на Land Cruiser се однесува само за пазарот во Европа, а најважната измена во однос на актуелниот модел се подобрувањата направени на 3.0 литарскиот турбо дизел D-4D.
Несомнено турбо дизелот од 3.0 литри на Land Cruiser е исклучително популарен во Европа и е познат по својата издржливост, но за во 2011 станува поекономичен и поеколошки односно ги задоволува нормите Euro 5.
Модернизираниот мотор добива нов филтер за честички чад и зголемена моќност. Моторот сега испорачува 190 КС и максимален вртежен момент од 420 Nm кои стојат на располагање меѓу 1.600 и 2.800 врт/мин.
Бројките кажуваат дека снагата во однос на актуелниот 3.0 D-4D е зголемена за 17 КС, додека вртежниот момент добил плус 10 Nm. Од Toyota уверуваат дека без оглед на зголемувањето на снагата потрошувачката останува несменета со просечни 8,1 L/100 km.
Од останатите поважни измени во однос на актуелната верзија, моделот за 2011 носи побогато опрема во нивото на опременост Executive кое сега сериски доаѓа со стаклен панорамски кров.
Продажбата на модернизираниот Land Cruiser во Европа стартува пред крајот на годината, а колкава ќе биде и дали ќе има разлика во цената сеуште не се знае.
|