Get Adobe Flash player
Toyota го обнови Yaris за 2009
05.12.2008
toyota-yaris-2009-1.jpgНа автомобилскиот салон во Болоња, последен во годината, Toyota ја претстави модернизираната верзија на Yaris која ќе се појави на европскиот пазар на пролет.

Од надвор измените во дизајнот се мали. Потребно е внимателно набљудување за да се забележи дека се сменети предниот и задниот браник како и предните и задните светла.

Нова е и предната маска, односно решетката на ладилникот, која е потесна, но не и поширока споредбено со актуелниот модел.

Покрај екстериерот, дизајнерите го смениле и ентериерот. Основниот дизајн на арматурата, централната конзола и панелите на вратите остануваат исти. Најголема новина е изборот на материјали за поставување на седиштата.

Најсуштественa новинa кај новиот Yaris се случува под ламарината, поточно под хаубата. Yaris од 2009 ќе го носи новиот бензинец од 1.33 литри Dual VVT-i кој веќе работи во поголемиот Auris.

Овој мотор има поголема моќност и повисок вртежен момент од сегашниот бензинец од 1.3 литри кого ќе го замени, а во исто време има пониска емисија на издувни гасови и троши помалку гориво.

Новиот мотор од 1.33 Dual VVT-i остварува моќност од 101 коњски сили и 132 Nm вртежен момент, наспроти 90 КС и 121 Nm вртежен момент на актуелниот 1.3 литарец.

Моторот е спарен со нов шест степен мануелен менувач или со автоматски варијабилен менувач ММТ Multi Mode Transmition или во слободен превод многустепена трансмисија.

Во комбинација со мануелниот менувач одделот за тестирање на Toyota тврди дека Yaris 1.33 Dual VVT-i во просек троши 5,1 L/100 km што е за 0,9 L помалку од актуелниот модел 1.3.

Уште една новина која дополнително ќе ја намали потрошувачката и емисијата на издувни гасови е воведувањето на ново развиениот систем на Toyota старт/стоп којшто ќе се нуди како посебен пакет.


 

 

 

Facebook