Get Adobe Flash player
Toyota го претстави наследникот на Prius
13.01.2009
toyota-prius-3-1.jpgПосле многу шпијунски фотографии и протечени информации за нaследникот на најпродаваниот хибрид на планетата, Toyota, конечно, официјално го претстави во Детроит.

Третата генерација на Prius по откривањето на Северно американското автомобилско шоу ќе го продолжи својот пат до купувачите. На пролет први зад воланот ќе седнат поклониците од САД и Јапонија, а подоцна автомобилот ќе се појави и на останатите пазари ширум светот, вклучувајќи ја и Европа.

Предноста на новата генерација на Prius се подобрите перформанси и подобрената економичност, но исто така на списокот предности се впишува и повеќе простор во кабината, подобра звучна изолација и подобра опременост.

Новиот Prius може да се пофали и со сончев кров опремен со соларни ќелии и интелигентен систем за помош при паркирање наречен IPA Intelligent Park Assist.

Со користење на новите иновативни технологии новата генерација на Prius може да се пофали со просечна потрошувачка од 4,7 L/100 km што е за 0,5 литри подобро од претходникот кој неможеше подобро од 5,2 L/100 km просечно. Воедно новиот Prius има емисија на СО2 пониска од 100 g/km.

Една од причините за ниската потрошувачка е и одличниот коефициент на отпор на воздух. Со внимателно испитување во воздушен тунел инженерите успеале значително да ја подобрат аеродинамиката и да остварат коефициент на отпор на воздух од Cd 0.25 една од најниските вредности меѓу сериските автомобили.

Интересно е што новиот Prius ја задржува висината и меѓуоскиното растојание како кај претходникот, а нуди повеќе простор во внатрешноста. Ова пред се се должи на продолжената линија на кровот за 100 mm со што е добиено повеќе простор за глава на задната клупа.

Новиот Prius го задвижува помоќен 1.8 литарски бензинец кој работи во симбиоза со најновата генерција на хибридниот систем на Toyota, Synergy Drive. И спротивно на врежаното мислење, поголемиот и помоќен мотор ја намалува потрошувачката.

Создавајќи поголем вртежен момент новиот мотор е способен да работи во режим на пониски вртежи посебно на отворен пат и притоа троши помалку гориво, посебно при повисоки патни брзини.

Бројките велат дека 1.8 литарецот во Prius остварува 98 КС и максимален вртежен момент од 142 Nm, додека електромоторот остварува 80 КС и максимален вртежен момент од 207 Nm. Сето ова е доволно за забрзување до 100 km/h за 9,8 секунди.

Оптоварувањето на бензинецот дополнително е намалено со користење на електрична пумпа за вода и отсуство на било какви ремени за напојување на периферните агрегати со што дополнително се намалени загубите, подобрена е економичноста, а помала е и потребата за одржување. Ова првиот мотор на Toyota од ваков вид.

Економичноста профитира и од новиот вентил за рециркулација на издувните гасови EGR Exhaust Gas Recirculation.

Prius вообичаено може да работи само бензински мотор, само  со електромотор и комбинација од двата мотори во зависност од условите на возење. На возачот дополнително му се нудат три модуси на работа:

EV-Drive Mode возење само со електричен мотор на куси растојанија до 2 km.

Eco Mode кој ја комбинира работата на бензинецот и електромоторот за постигнување на што пониска потрошувачка.

Power Mode кој ја зголемува остеливоста на педалот за гас за поспортско чувство зад волан.

Мултифункционалниот дисплеј сега е сместен на на врв на арматурата и го прикажува циклусот на тек на енергијата кој му помага на возачот да создаде навика за поекономичен начин на возење.


 

 

 

Facebook