Get Adobe Flash player
Toyota го прикажа обновениот RAV4
04.03.2010

Модернизираната верзија која претставува современа еволуција на еден од основоположниците и најпродаваните модели во сегментот на SUV, Toyota RAV4 ја доживеа својата светска премиера во Женева.

toyota-rav4-2010-1

Toyota RAV4 за 2010 акцентот го става на пософистициран стаил и е ориентиран кон заштеда на гориво и зачувување на животната средина преку проширување на понудата кој сега може да биде само со погон напред или како и до сега варијанта со погон на четири тркала.

Како што веќе пишувавме измените однапред се однесуваат на новата маска која сега наликува на Avensis, новиот браник и новите предни светла. Одзади најголемата новина се однесува на светлата кои имаат нова оптика со светлечки диоди.

Измените во ентериерот се однесуваат пред се на новиот волан со рамно дно што го нагласува спортското чувство додека го возите RAV4. Остатокот дизајнерски останува ист, нови се само материјалите кои сега делуваат поквалитетно.

Под хаубата ќе работат новата генерација на мотори со технологијата на Toyota, Optimal Drive. Најголемо внимание при обновување на моторите е посветено на намалување на потрошувачката и на емисија на издувни гасови.

Тука се вклучени бензинскиот 2.0 литарец со 158 КС и Valvematic управување на вентилите кој врзан со автоматскиот менувач Multidrive S остварува просечна потрошувачка од 7,5 L/100 km и има емисија на СО2 од 177 g/km.

Истиот мотор се нуди и со пет степен мануелен менувач и е способен да го истурка RAV4 до максимална брзина од 185 km/h и да го забрза до темпо 100 за 10,5 секунди. Со автоматксиот менувач забрзувањето до 100 изнесува 11 секунди.

Вториот мотор којшто ја користи Optimal Drive технолигијата и за кого во Toyota очекуваат да биде најчест избор за европските купувачи е 2.2 литарскиот D-4D со 150 КС и максимален вртежен момент од 340 Nm. Тој остварува просечна потрошувачка од 5,8 литри и емисија на СО2 од 154 g/km.

Помоќната верзија на 2.2 литерскиот D-4D остварува 180 КС и максимален вртежен момент од 400 Nm. И дизелите снагата до предните или до сите четири тркала во зависност од изведбата ја пренесуваат преку истите менувачи кои ги користи бензинецот.

Деталните спецификации за новиот RAV4 вклучувајќи ги цените и нивоата на опременост ќе бидат објавени во април непосредно пред стартот на продажбата.

 

 

 

Facebook