Get Adobe Flash player
Toyota Hilux Sport Concept
24.04.2007
hiluxscitf107Лошите резултати во Формула 1 кои од година во година, место угоре, одат удолу не ја поколебаа Toyota да го поврзе наменскиот Pick Up, Hilux со тркачкиот болид TF 107.

По повод претстојниот салон на комерцијални возила во Британија, Toyota одлучи да го тјунира својот најиздржлив работник и го крсти Hilux Sport Concept. Одделот за мотоспорт беше задолжен за преработка на моторот. 3.0 литарскиот дизел со турбонатполнење D-4D далеку ги надмина сериските 169 коњски сили и сега се перчи со округло 200 коњи.

За да се потенцираат силните коњи дизајнерите во Toyota поработија на надворешниот изглед. Динамиката ја потенцираат тркала од 22 инчи, хромирана предна маска, затемнети стакла и предни светла и спортски турбан врз просторот за товар.  

Црвената штрафта од страна е единствениот детаљ што го поврзува Hilux Sport Concept со болидот од Формула 1. Сепак, доволно за пикапов да биде лут.

hiluxscprofile

 

 

 

Facebook