Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Toyota и Ford заедно ќе прават хибриди
26.08.2011

Јапонците и американците со здружени сили ќе развиваат хибридна технологија за лесни товарни и комерцијални возила и за спортски корисни возила, или SUV, се вели во информацијата на двете компании.

toyota-i-ford-1-2011-1

Двете компании ќе бидат рамномерни партнери во проектот со цел да се забрза развојот и да се намалат трошоците за развој и подоцна за производство на новиот хибриден систем.

Во моментот ниту од Toyota, ниту од Ford даваат подробни информации за видот на хибридниот погон, неговата моќност, технологиите што ќе се користат, видот на батериите, нивниот капацитет, автономијата и слично.

Се обелоденува само дека новиот хибриден погон на пазарот би се појавил за неколку години и ќе биде наменет пред се за возила со погон на задни тркала.

Покрај хибридниот погон Toyota и Ford најавуваат дека ќе ги обединат силите и за развој на нов телематски систем кој треба да постави нови стандарди во автомобилската индустрија.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook