|
14.02.2008 |
Уште новини од Toyota. Во Женева
јапонскиот производител ќе ја претстави и сериската верзијата на микро
автомобилот од Франкфурт, iQ чие производтсво и продажба ќе стартуваат во 2009.
iQ ќе биде најмалиот модел на Toyota и е наменет
само за пазарите во Европа и во Јапонија. Иако во Toyota велат дека експонатот во Женева е
подготвен за сериско производство. Сепак, вистината е дека одговорните сакаат
да ја испитаат реакцијата на публиката и да направат уште еден ред измени пред
автомобилот конечно да влезе во сериско производство.
Според јапонски извори под хаубата на iQ ќе работи
1.0 литарски три цилиндричен бензинец, а за во Европа се планира и еден мал
дизел. iQ ќе се произведува во Јапонија, а од погоните на Toyota ќе излегуваат
максимално 100.000 единици годишно без оглед на побарувачката.
Ваквата политика го прави малечкото на Toyota да
претставува еден вид куриозитет по кого би лудувале купувачите.
|