|
Одговорните во Toyota наново ги прелситуваат страниците од својата историја и полека, но сигурно во продукција ги враќаат старите модели кои го создаваа и имиџот и подигнуваа реномето на марката.

Ова посебно почна да се случува откако Honda го најави своето спортско купе CR-Z, што беше директен поттик за да почне да се врти идејата за враќање на МR2, родстерот на Toyota со централно поставен мотор кој ги привлекуваше пред се возачки настроените ентузијасти.
Во моментов нема официјални потврди од Toyota, околу новиот MR2. Информацијата доаѓа од најпопулраниот магазин за автомобили Best Car кој прикажа и компјутерски генерирана фотографии од новиот MR2.
Иако во моментов наводно се работи за шпекулација од Toyota нема демант, ниту потврда. Но, Best Car ги пушти и шпекулациите за LF-A и за Тоyobaru новото купе создадено во соработка со Subaru кои се реални автомобилски остварувања. Затоа не треба да се отфрла ниту информацијата за MR2.
Според информацијата на магазинот новото купе/кабриолет ќе го носи името MR-S и ќе биде хибрид со цел да биде директен конкурент на Honda CR-Z. Toyota MR-S ќе биде задвижувана од специјална верзија на хибридниот погон кој веќе работи во Prius.
Ако се суди според прикажаната фотографија во магазинот шкргите пред задните тркала на MR-S укажуваат дека автомобилот повторно ќе има централно поставен мотор и ќе ги задвижува задните тркала.
Ова значи дека MR-S ќе биде далеку поспортски автомобил отколку Honda CR-Z која има мотор и погон напред кога ќе се појави на пазарот. А тоа би требало да се случи веќе следната година.
Несомнено една ваква информација ги радува љубителите на автомобилите на Toyota со спортка нота и пред се ги радува љубителите на MR-2. Како што тргнале работите можеби во Toyota веќе размислуваат и за враќање на непрежалената Supra.
|