|
Aвтомобилите на Toyota кои ќе се продаваат на пазарите во Европа ќе носат дизел мотори на BMW, соопштува јапонскиот весник Nikkei. Според нив интересот е за 2.0 литарскиот дизел со 184 КС.

Моторот е ист оној којшто се вградува и во новата генерација на серијата 3. Во информацијата стои дека раководството на Toyota се согласило дека да се купи мотор е поевтино отколку да се вложува во развој на нов.
Воедно јапонците сметаат дека вградувањето на дизелот на BMW значително ќе ја зголеми побарувачката за моделите на Toyota на Стариот континент. Во замена Toyota на BMW ќе му дозволи пристап до хибридните технологии.
Моторот на BMW ќе се вградува во моделите Avensis, RAV-4 и во Auris. Toyota дополнително наведува дека комплетното производство на Auris ќе го префрли во Велика Британија, бидејќи моделот сега се произведува и во Турција.
Од друга страна производството на Corolla целосно се префрла во Труција. Ваквата одлука следи заради поделбата на пазарите. Имено пазарите во Источна Европа повеќе се наклонети кон седани, а оние во Западна Европа кон комбилимузини, односно хечбек варијанти.
Заради ова Toyota ќе инвестира дополнителни 256 милиони евра во фабриката во Велика Британија.
|