|
01.06.2007 |
Toyota ги произведува своите модели во Северна Америка за најкратко време. Според испитувањето Harbour Report 2007 Јапонците доаѓаат до готов автомобил за 29,93 часа.
Во оваа вредност спаѓаат и времињата за обработка на ламарината, производство на мотор и менувач и составување на возилото.
Фабриките на General Motors постигнаа врвни вредности во три од четири категории. Honda е најбрза во обработката на ламаринените делови од каросеријата.
|