Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Toyota очекува големи загуби
23.12.2008
toyota-prius-logo-1.jpgРаководството на вториот по големина автомобилскиот гигант на светот, Toyotа Motor Corporation, очекува да ја претрпи првата оперативна загуба во последните 71 години.

Како најголема причина за очекуваната загуба е големото поскапување на јапонскиот јен и проблемите со реализирањето на производството во САД и во Европа.

Се очекува финансиската година која завршува во март 2009 да донесе оперативна загуба од 150 милијарди јени или 1,7 милијарди долари.

Последен пат кога Toyota Motor Corporation забележала оперативна загуба било во далечната 1938, соопштува гласноговорникот на Toyota, Хидеаки Хома.

Во моментов профитот на Toyota од април до септември годинава изнесува 6,6 милијарди долари, но со предвидувањата за огромните загуби кои ќе ги претрпи компанијата во следните шест месеци, односно од октомври 2008 до март 2009, се очекува профитот да биде буквално збришан.

Планот на Toyota за во 2009 предвидува продажба на 8 до 8,7 милиони автомобили што е за 2 милиони автомобили помалку од планот предвиден за годинава.

Евидентно е дека Toyota нема да успее да го исполни ниту планот за актуелната фискална година. Продажбата бележи пад од 8,5% на глобално ниво поради што се очекува 7,54 милиони продадени автомобили до крајот на март 2009, што е далеку помалку од предвиденото.

„Приликите во кои се наоѓа компанијата се ектремно тешки,” изјави претседателот Катсуаки Ватанабе. „Се соочуваме со една тешка ситуација која бара итно решавање. За жал сеуште неможеме да го видиме дното на бездната во која паѓаме,” го заврши своето кусо излагање Ватанабе.

Со цел одржување на компанијата со што помалку загуби, одговорните во Toyota се принудени да ги намалат трошоците колку е можно повеќе кое повлекува и одложување на лансирањето нови модели, кратење на трошоци за развој, дури и укинување на програмите од мотоспортот.

Само на тој начин се гледа излезот од кризата веруваат во Toyota, а како пример го посочуваат откажувањето на Honda од Формула 1 заради одржување на компанијата.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook