Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Toyota повторно цели кон врвот
26.12.2011

Toyota постепено го зголемува прозводството на автомобили со цел да се врати на врвот како производител број еден на светот и воедно да ја надмине кризата која ја зафати на почетокот на годината.

toyota-logo-3-2011-3

Елементарната непогода во Јапонија која предизвика целосен застој на производството на јапонските марки ја симна Toyota од производител број еден на светот. Позиција која ја имаше во 2008, 2009 и 2010 година.

Toyota најверојатно ќе ја заврши годината со 7,9 милиони продадени возила што ја става на трето место зад General Motors и Volkswagen. Но, затоа очекува раст на продажбите за следната година за 20%.

Очекувањата доаѓаат заради растот на продажбите на пазарите во Индија и во Бразил кои во 2012 година ќе бидат значително поголеми и се поттикнати од активните кампањи што ги спроведува Toyota.

Со вакви прогнози Toyota в година може да го собори сопствениот рекорд од 8.430.000 продадени автомобили поставен во 2007 година, но дали ова ќе биде доволно да се престигнат GM и VW кои не седат со прекрстени раце.      
 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook