Најпродаваниот хибрид на светот Toyota Prius, според највлијателната истражувачка куќа за проценка на задоволство кај купувачите, J.D. Power е
најквалитетниот автомобил.
Податоците доаѓаат сумирани од посебни анкети направени
во Велика Британија, Франција и Германија и секаде Prius е посочен
од своите сопственици како одлична инвестиција. Сопствениците го фалат неговиот квалитет и
доверливост и за него имаат да кажат се најдобро.
Во J.D. Power истакнуваат дека еден ваков резултат за Рrius е
изненадувачки имајќи ја во предвид европската не наклонетост за прифаќање на
хибридната технологија. Но, исто така заклучуваат дека вкусот на купувачите
дури и во конзервативната Европа полека почнува да се менува.
Годишните истражувања за задоволство на купувачите се
засноваат врз проценката на сопствениците за својот автомобил, кој во просек, две
години се наоѓа во нивна сопственост. Истражувањето на J.D Power вклучува
28 марки и 100 модели.
Сопствениците кои учествуваат во истражувањето мораат да
дадат детална проценка за своето возило и за дилерот и да дадат соодветна
оценка на четири главни ставки кои на крај прикажуваат колку тој е задоволен од
своето возило.
Тие четири главни ставки подередени под важност се:
- Квалитет и доверливост (учествуваат со 30% од вкупната
оценка);
- Како се доживува возилото (учествува со 28% од вкупната
оценка), тука се вклучени перформансите, дизајнот, комфорот, употребливоста и
опременоста;
- Задоволство од работата на дилерот и неговиот сервис
(учествува со 22% од вкупната оценка);
- Колку всушност возилото го чини сопственикот (учествува
со 20% од вкупната оценка), тука се вклучени потрошувачката на гориво,
трошоците за регистрација и осигурување и трошоците за одржување;
Prius не е единствениот модел на Toyota кој обезбеди највисока оценка од
своите сопственици. Најмалечкиот модел на марката, Aygo, во својата
класа исто така е прогласен за автомобил од кого сопствениците во Велика
Британија и Франција се најзадоволни. Додека Corolla Verso е избрана
за најдобар компактен MPV во Германија.
|