|
Prius G Sports е уште еден од серијата концепти на Toyota претставени на тјунинг викендот во Токио чии тјунинг китови наскоро влегуваат во редовната понуда на јапонскиот производител.

Своевидната спортска верзија на последната генерација на Prius се однесува само на подобрување на аеродинамиката и постигнување на поагресивен визуелен настап и нови седишта за возачот и совозачот.
За разлика од купето FT-86 G Sports каде тјунингот покрај каросеријата ги опфатил и моторот кај Prius G Sports, како и кај соперникот Honda Insight Sports Modulo, во погонската спрега не се менувало ништо.
Затоа модификувано е подвозјето кое за 30 mm го приближува Prius G Sports до аcфалтот, а поставени се и нови поголеми сопирачки дискови и клешти поради што е подобрена моќта на сопирачките.
Поради пониското подвозје и аеродинамичките додатоци Prius G Sports навистина делува спортски. Во аеродинамичкиот кит за хибридот влегуваaт новиот издолжен преден браник, поголемите странични завеси, капаците на задните тркала, новиот заден браник од кого штрчат две издувни цевки и големото задно крило.
Предните светла добиле дополнителни светлечки диоди за возење дење, страничните ретровизори се поставени во нови аеродинамички кутии од карбон-фибер, а нови се и големите леснометални бандажи.
Внатре возачот и совозачот седат во спортски седишта од Recaro преслечени со кожа, која ја има и на воланот и на облогите од вратите, а кабината дополнително е украсена со амблемите на G Sports.
Китот G Sports за Prius како и за FT-86 се очекува кон средина на годината.
|