Станува збор за воздушно перниче кое ќе се активира при судар од зади. Со
ова воздушно прениче малечките автомобили би требало да станат многу
побезбедни.
Новото воздушно перниче ќе дебитира во сериската верзија на микро
автомобилот на Toyota, iQ. Малечкото е
конструирано за во него да седат четири патници и покрај фактот што мери
помалку од 3 метри во должина.
iQ
ќе стартува со продажба во Европа и во Јапонија до крајот на 2009, а потоа се
очекува да ја преплави и Азија и Австралија.
Шефот на конструкторскиот тим на iQ, Хироки Накаџима откри дека во автомобилот ќе биде
вградено воздушно перниче за заштита на патниците при судир од зади. „Тоа е за
луѓето на задните седишта,” изјави Накаџима. „Но, има проблеми со издавањето на
хомологација, зато апретстојат уште тестирања. Не би смеел да откривам повеќе
бидејќи сеуште е тајна,” објасни тој.
iQ
има единствен концепт на поставување на седиштата 3+1 што значи дека во
кабината можат да се возат максимум четворица возрасни и едно дете. Патниците
на задните седишта седат на растојание од само 30 сантиметри од задното стакло,
што е јасен показател зошто е потребна дополнителна заштита.
Накаџима вели дека воздушното перниче одзади треба да обезбеди iQ да освои 5 ѕвезди на независниот
тест на безбедност на Euro NCAP.
|