|
10.03.2008 |
Претседателот на Toyota, Катсуаки
Ватанабе објави дека јапонскиот производител до 2020 ќе нуди хибриди со
бензински мотор низ целата гама на автомобили.
Ова значи дека хибридниот погон ќе биде стандард за сите
автомобили на Toyota. На прес конференција одржана на салонот во Женева,
Ватанабе истакнал: „Се надевам дека ќе успееме да понудиме хибрид од секој
модел до 2020.”
Главната причина според Ватанабе за воведување на хибриди
е развој на иновативни технологии кои драстично го намалуваат негативниот ефект
што автомобилите го имаат врз животната средина.
Секако, Toyota не е единствениот производител на автомобили кој брза да
ги воведе хибридите на секое скалило од својата продукциска програма. Најблизу
со плановите за воведување хибрид низ целата гама е Mercedes, а истот
го тврдат и во Chrysler.
Најлутиот конкурент на Toyota на
глобалниот пазар General Motors исто така е загреан за хибриди.
Одговорените во амеркианскиот автомобилски гигант најавуваат воведување на 16
нови хибриди во наредните четири години.
Очигледно е дека трката за освојување на хибридниот пазар
почнува. Секако со голема предност за Toyota.
|