|
13.02.2012 |
|
Toyota најавува нов хибрид којшто според димензиите ќе биде наменет за во град, и ќе биде исклучително економиечн и со ниска цена. Градскиот хибрид се развива под името FT-Bh, а веќе има и скица.

Прикажан на цртежот новиот градски хибрид е глобално решение на Toyota за разрешување на метежот во градските средини и за намалување на загадувањето кое во градовите доаѓа директно од автомобилите.
Хибридот ќе претставува совевидна револуција во градбата на автомобили бидејќи е проектиран така за да се избегнат сложените процеси на производство и употребата на скапи материјали.
Преку FT-Bh, Toyota сака да прикаже дека е можно малите градски хибриди да бидат достапни за масовна употреба. FT-Bh ќе биде претставен на салонот во Женева само како концепт. За сега неговата иднина е неизвесна.
|