Get Adobe Flash player
Toyota со нов хибрид
21.10.2009
toyota-sai-1.jpgНајголемиот производител на автомобили на светот го зајакнува својот стартешки план за освојување на глобалниот пазар со своите хибридни модели. Доказ е новиот хибрид кој го носи името Sai.

При прв поглед на Sai веднаш станува јасно дека предницата носи сличен препознатлив дизајн како новиот Prius, но се работи за автомобил кој е поголем и полуксузен од најпродаваниот хибрид на светот.

Sai е вториот хибрид на Toyota кој е создаден врз основата на системот претставен со Lexus HS 250h. Истиот систем ќе го користи и новиот компакт на Lexus претставен преку концептот LF-Ch.

Всушност Sai е автомобил брат близнак на Lexus HS 250h. Покрај хибридниот систем тие ја делат и платформата. И повеќе од тоа. Стрaничните врати се исти и кај двата модели. Различна е предницата, маската, светлата, хаубата, брaникот.

Различни се и задните светла, капакот на багажникот и задниот браник. Понатаму разликите се однесуваат на комплетно сменетата внатрешност во однос на кабината на хибридниот Lexus.

Арматурата, централната конзола која лебди во воздух и инструментите се дизајнирани од бел лист хартија со цел клиентите не само да се чувствуваат како да седат во нов автомобил, туку да веруваат дека возат автомобил дојден од иднината.

Под хаубата како и кај близнакот од Lexus работи 2.4 литарскиот бензинец VVTi кој во комбинација со електромоторот на предните тркала преку варијабилен менувач испорачува моќност од 190 КС.

Sai е подготвен за сериско производство и од комерцијализација го делат неполни два месеци. Продажбата на јапонскиот пазар стартува на почетокот на декември.

Цената изнесува 49.000 евра, а за евентуалното освојување на останатите пазари допрва треба да се чуе бидејќи во Toyota сеуште молчат кога Sai оди во извоз.

 

 

 

 

Facebook