|
01.07.2008 |
Веќе пишувавме за заедничкиот проект на Toyota
и на Subaru за производство на спортско купе со погон назад и ја
претставивме верзијата со беџот на Subaru.
Сега на ред е и Toyota да ја
прикаже својата верзија што произлегува од заедничкиот проект. Јапонците тоа го
направиле во еден домашен магазин за автомобили, но првичната фотографија
веднаш била скенирана и се нашла на интернет и го заобиколила светот.
На фотографијата е новото купе на Toyota и може да
се забележи дека дизајнот влече од стилот на Lexus, но исто
така може да се забележи и дека ветува и дека купето визуелно го прикажува
својот потенцијал.
Причината зошто купето на Toyota е
претставено само во јапонски медиум е одлуката на производителот своето купе да
го продава само на јапонскиот пазар, додека купето со беџот на Subaru ќе се
продава во Европа и во САД.
|