Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Toyota Supra, сепак е реалност
07.12.2011

Откако се појавија гласини дека раководството на Toyota дало зелено светло за развој на петата генерација на Supra, два месеци подоцна пристигнуваат информации кои ги потврдуваат.

toyota-supra-2-2011-2

Со претставувањето на купето GT 86 станува јасно дека Toyota сака да си го врати статусот на производител на спортски автомобили. Секако враќањето кон корените не оди лесно, но Toyota веќе тргна на пат.

Како и при создавањето на GT-86, Toyota и за Supra повторно ќе ги здружи силите со Subaru. Но, не е сигурно дали и Supra ќе добие близнак којшто ќе го носи беџот на Subaru како што е тоа случајот со Subaru BRZ и GT 86.

Главниот инженер на проектот GT 86 / BRZ, Тетсу Тада, кој на јави дека ќе има и турбо верзија на купеата, сега вели дека неговиот тим почнал да работи на нов проект на уште полут спортски автомобил.

И толку. Информациите за Supra застануваат тука. Инсајдери на Toyota велат дека Supra ќе има модерен турбо бензинец со не многу голема зафатнина, но со многу коњски сили кој ќе ги задвижува задните тркала.

Очекувањата се дека новата Supra првпат како концепт би била прикажана во 2014 година. На фотосот е компјутерски генериран лик на новата Supra според видувањето на дизајнерот Андреас Фугнер.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook