Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Toyota Urban Cruiser
14.02.2008
toyota-urban-cruiser-1.jpgПолека но сигурно конкуренцијата на пазарот на компактни SUV и кросовери се заострува. Ново на програмата е Toyota Urban Cruiser кој ќе биде претставен, веќе погодувате, во Женева.

Новиот модел на Toyota е позициониран под RAV4 и набрзо по светската премиера на салонот во Женева следниот месец тргнува во освојување на европскиот пазар.

Статистиката вели дека пазарот на компактни SUV и кросовери е еден од најбрзо растечките во Европа. Порастот меѓу 2005 и 2006 изнесуваше невероајтни 63,6 проценти, а се претпоставува дека разлика меѓу 2006 и 2007 ќе биде уште поголема. За жал сеуште нема официјални бројки кои би го потврдиле оваа претпоставка.

Одговорните во Toyota се свесни за збиднувањата на пазарот. Пратејќи ја продажбата на својот SUV, RAV4 тие дојдоа до заклучок дека еден компактен кросовер каков што е Urban Cruiser ќе биде полн погодок.

Имено RAV4 се продава одлично во Европа за тоа најдобро говори бројката за зголемување на продажбата од 15,1 процент во 2007 со вкупно 106.243 продадени возила.

Toyota држи 22,1 процент од пазарот на компактни SUV во Европа и нормално сака да го подобри своето процентуално учество и да ја зголеми продажбата. Секако Urban Cruiser треба да биде предводник во реосвојувањето на европскиот пазар.

Претходно за новиот кросовер на Toyota пишувавме во ноември 2007 кога, сега веќе Urban Cruiser, беше фатен од папараци за време на тест.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook