Можеби многумина со недоверица ќе ја примат оваа вест, но
новиот Trabant е на пат и повторно како економичен автомобил наменет за
превоз на широките народни маси.
Приказната што стои зад проектот започнува од
иницијативата на производителот на diecast модели на
автомобили Herpa, а компанијата што ќе го развива и дизајнира наследникот
на Тrabant е германската каросериска работилница IndiKar.
Концепт изработен во нормална големина се очекува да биде
претставен на салонот во Франкфурт есента 2009, кога ќе се откријат и
останатите карактеристики на автомобилот. Сепак, за стартот на производството и
продажбата на Trabanat сеуште нема ниту глас. Најверојатно се очекува
реакцијата на побликата и светската јавност за да се донесе конечната одлука.
Моделот на идниот Траби прикажан на минатиот салон во
Франкфурт во размер 1:10 предизвика голем интерес и навала од носталгични
фанови што во основа беше знак за Herpa дека треба да
превзеде иницијатива и да стори нешто околу оживувањето на Тrabant.
Квалитетот на наследникот на Trabant ќе биде
незамислив за неговиот претходник, плус тука е и задоволувањето на сторгите
европски норми, безбедност за патниците и секако современ и квалитетен интериер
кој ќе носи историски или ретро печат како наследниците на Mini и на Fiat
500.
Погоните на IndiKar се сместени во
градчето Вилак-Хаслау кое е во непосредна близина на градчето Цвикау каде се
наоѓаа погоните за производство на Trabant и од кои излегоа
повеќе од три милиони возила меѓу 1957 и 1991.
IndiKar во моментов произведува блиндирани автомобили, делови и
прототипи за големите автомобилски производители. Токму поради овие дејности
компанијата е и повеќе од компетентна за развој на еден ваков модел.
Читателите пак што се заинтересирани за paprecraft слободно можат да го превземат документот во формат на pdf директно од интернет страницата на Нerpa и да си го склопат својот хартиен модел по желба во сина или бела боја.
|