|
24.04.2007 |
Модификациите на транспортерот на Ford,
Transit досега вклучуваа само практични додатоци. Но, ова се смени. Тransit
SportVаn гарантира дека превезувањето терет во иднина ќе биде забавно.
Ford го носи својот најпопуларен ван на друго ниво. Неможеше
ниту да се претпостави какво изненадување подготвува Ford кога
специјалистот за Нирбургринг, Сабине Шмитц на светот му го претстави Тransit
SportVаn. Лимитиран на серија од само 500 единици, SportVan е наменет
за оние што сакаат да остават печат каде и да се појават со својот ван.
Се согласуваме во потполност. Со посебно одбрана боја,
ленти по должина на хаубата a la Fiesta ST, двоен издув и целосна козметика за разубавување, секој
сантиметар од транспортерот на Ford вришти: со мене нема играње!
Перформансите остануваат на ниво на стандарден Transit.
Турбодизелот TDCi ги задржува сериските 128 коњски сили. Но, без очајување.
И без друго никој нема да се загледа под хаубата. Важен е
првиот настап, а тука SportVan е закон.
|