Get Adobe Flash player
Трендовскотo комби од Peugeot стартува наесен
07.06.2007
207sw_20070606_0212Трендовското комби 207 SW настапува како трета каросериска изведба во младото семејство на 207, покрај 207 СС и комбилимузината.


Впечатливиот изглед, просторната понуда и високата прислособливост го прават достојно за ознаката SW. Како погонски варијанти на избор стојат три бензинци и два дизела. Основниот мотор е 1,4-литарски бензинец со 73 КС. Нов во понудата е друг 1,4-литарец со 95 КС кој е производ од соработката на PSA Peugeot Citroen и BMW. 207sw_20070606_0828За овој шеснаесетвентилец кој слаби деби во 207 SW Peugeot ја користи дополнителната ознака VTi (Variable Valve Lift and Timing injection), која укажува на варијабилното управување со вентилите на вшмукувачката и издувната страна, како и на променливиот од на вшмукувачките вентили. Врвни мотори се три единици со зафатнина од 1,6 литри: 1,6 16V VTi со 120 КС и двата дизела 1.6 HDI со 90 и 109 КС.
 

Поврзани статии

 

 

Facebook